Николовски: На македонскиот Исток расте поддршката за СДСМ

by Фокус
Граѓаните на Штип, на фер и демократски избори, безбедни за здравјето, покажаа одговорност, демократска свест и силно граѓанско чувство за напредокот на својот град, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по изборот на Сашко Николов за нов градоначалник на Штип.
„Граѓаните испратија силна порака и покажаа голема доверба во институциите предводени од СДСМ. Дури и во услови на пандемија имаме државен капацитет да се одржат демократски избори, целосно безбедни за здравјето на граѓаните. Верификувани се политиките на СДСМ, чесната понуда со доктор Николов е препознаена.Од друга страна, народот ги порази сите бојкоти, лаги и хистерии на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Не сака народот кочење, не сака блокади. Овие избори во Штип потврдија дека на македонскиот Исток расте довебата во СДСМ – рече Николовски во видео-обраќање.
Тој додаде дека СДСМ сега освои 12.000 гласови, што е повеќе гласови во однос на парламентарните избори.

Поврзани новости