Новиот директор на УБК, Горан Николовски, во обраќање до своите колеги преку јавно писмо, порачува дека е свесен нарушената слика за УБК, како и негативната перцепција на јавноста, но ветува градење на нов имиџ на службите кој ќе биде според европски стандард. Николовски побара сериозна посветеност и висок професионализам на сите припадници.
„Случаите на непрофесионалност и злоупотреба треба да бидат минато, свесен сум дека пред нас е период на големи предизвици и реформи, кои најнапред ќе значат инвестиција во самите себе, а на тој начин ќе создадеме служба на здрави основи, која ќе биде подготвена да одговори на сите современи безбедносни закани и ризици создавајќи поволен амбиент за просперитет на нашата држава и нашите граѓани“, пишува Николовски.
Директорот на УБК порача дека приоритет треба да биде создавањето безбедна држава за сите граѓани, преку почитување на демократските вредности и човековите прав. Со цел подобрување на Службата, Николовски вели дека е отворен за комуникација и сугестии од своите колеги.