Николовски: Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во земјава влегол на ГП „Блаце“ и бил празен

by irena 20:15
20:15

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, изјави Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на тв Телма.

-Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни во царинска постапка за да помине на тој граничен премин. Подоцна тоа што се случило е случај кој треба да го разгледуваат други државни институции – рече Николовски.

Слични вести