1.1K
Вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски информираше дека објавиле оглас за ангажман за 10 лица, кои, како што објави тој на фејсбук, ќе се приклучат во борбата против корупцијата.
„Идните членови на тимот ќе помогнат во креирањето и реализацијата на системски мерки за спречување и искоренување на оваа појава. Нашата цел е да го вклопиме искусниот кадар со нови, прогресивни, енергични и високоедуцирани млади луѓе кои се подготвени несебично да придонесат во создавањето коренити промени во македонското општествено делување“, вели Николовски.
Тој додаде дека тимот го одбираат преку транспарентна и правична селекција.