Американските сили целосно ќе се повлечат од Авганистан до септември

by Фокус

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека американските војници ќе почнат да се повлекуваат од Авганистан на 1 мај, а процесот ќе заврши пред 11 септември.

-Нема да брзаме. Ќе го направиме тоа одговорно, со намера и безбедно и во целосна координација со нашите сојузници и партнери, кои сега имаат повеќе сили во Авганистан од нас – рече Бајден.

Бајден денеска разговарал со авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој изјави дека авганистанските безбедносни сили се целосно способни да го бранат својот народ и својата земја.

-Ние ќе работиме со нашите американски партнери за да обезбедиме мирна транзиција – истакна авганистанскиот претседател Гани.

Поврзани новости