Николовски: Дали Заев навистина го пријавил „Рекетот“?

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени рече дека тој не верува дека премиерот Зоран Заев го пријавил случајот Рекет во Обвинителството.

-Дали навистина Заев пријавил? Оној наратив кој тој го гради е дека тој пријавил во ОЈО. Би било добро да ја видиме пријавата. Ако нема писмена трага, значи тој не пријавил. Било кој човек да оди да пријави, тогаш обвинител прави белешка. Ако навистина пријавил, треба да ја покаже белешката. Се сомневам дека не пријавил и станува збор за лош ПР, вели Николовски.

Поврзани новости