Вицепремиерот за борба со корупцијата, Љупчо Николовски побара надлежните органи во најкус можен рок да го испитаат случајот со доделувањето на европски пари на фризерница.
-Од директорката Лидија Димова, се очекува пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба. Отворено, со присуство на медиумите, се разбира.
Во меѓувреме, Владата и јас како Вицепремиер, очекуваме од надлежните органи во најкус можен рок да спроведат соодветни постапки, да го испитаат случајот и навремено да не информираат за исходот и нивните наоди, односно фазите на постапката.
Паралелно на тоа, доколку се утврди дека постои пропуст кај функционер, врз основа на новиот етички кодекс ќе биде побарана и политичка одговорност, напиша Николовски на Фејсбук.
Димова за утре најави прес-конференција, а опозицијата побара нејзина оставка по информациите дека биле доделени 270.000 евра, европски пари за образование на фризерница.