Бугарски интелектуалци повикуваат Бугарија да престане со претензиите, не очекуваат блокада на преговорите

by fokus

Бугарски ителектуалци ја повикаа Бугарија да престане со претензиите и велат дека не очекуваат Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

-Не очекувам дека Бугарија ќе ги блокира овие преговори. Европската интеграција на Западен Балкан е стратешки важна за Бугарија. Покрај тоа, токму во рамките на бугарското претседателство тоа стана приоритет за Брисел. Во оваа смисла, бугарското вето би било апсурдно. Само ќе изгледаме смешно. До вчера се боревме за отворање на ЕУ за Северна Македонија, денес сакаме да ги запреме. Не дека апсурдни работи не се случуваат, но убеден сум дека ниту Владата ниту претседателот не би дозволиле Бугарија да се најде во ситуација на тотална изолација во рамките на ЕУ, вели бугарскиот политички аналитичар, Иван Крастев во интервју за бугарскиот весник „Дневник“.

Бугарскиот професор Д-р Стефан Дечев, историчар и предавач на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ вели дека во Бугарија темата „Македонија“ е обвиткана со многу романтика и митологија, но дека е крајно време бугарската страна да ги прекине своите тврдења за македонскиот јазик. Порачува дека се додека не го променат начинот на кој го толкуваат идентитетот – како генетски пренесен, а не како динамичен, преговорите ќе останат во ќорсокак.

-Убедени сме дека македонската нација и процесот на нејзино создавање, и покрај сите специфики и особености, не се разликуваат од процесите на создавање на која било друга нација. Македонскиот јазик е вештачки јазик до степен до кој се и сите стандардизирани јазици во светот. Мора да се сфати дека дијалект е само дијалект – тој нема име. Официјален јазик на една земја не може да биде дијалект. Се додека не се разбере дека идентитетот на една нација е динамичен и не е генетски пренесен, сите преговори во мешовитата комисија ќе бидат непотребни и ќе дојдат до ќорсокак, смета тој.

Поврзани новости