563
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека Извештајот за напредок на земјите доцнел два дена, бидејќи некои од членките биле против тоа Албанија да добие препорака за датум за преговори.
-Извештајот каснеше два дена затоа што некои членки како Франција имаа против препораката за датум за преговори на Албанија. На крај договорот беше или двете земји да добијат препорака или ниту една. Затоа и Албанија доби препорака. А, ние повеќе нема да дозволиме ДУИ своите грешки да ги покрива со ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да биде црн ѓавол меѓу Албанците, рече Николовски.