Талат Џафери слета во Анкара

by fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери попладнево пристигна во Анкара, Турција каде беше пречекан од Исмаил Бурге, претседател на Интерпарламентарната  група за пријателство Турција – Македонија.

Во рамки на официјалната посетата на Турција предвидено е Џафери утре да има средби со турскиот колега, спикерот на Големото национално Собрание на Турција Исмаил Кахраман, со премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим, и со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.

Турција е парламентарна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, Турција развила долга традиција на секуларност. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи.

Поврзани новости