Поранешната пратеничка Ленче Николовска објави анализа за тоа колку пари им биле ислатени за субвенции на земјоделците за изминатата 2014 година и тоа го спореди со најавите и проекциите на Владата за тоа колку субвенции ќе исплати за таа година.
Според анализата, за 2014 година до крајниот законски рок, Владата има исплатено 42, 5 милиони евра, а според најавите предвидени беа над 140 милиони евра.
„Владата за 2014 година вели дека има над 140 милиони евра земјоделски субвенции. Од платежната агенција изјавија дека до крајниот законски рок се исплатени 95% од субвенциите, а 5% се со непотполна документација.
Се е во ред додека не се анализира колку пари се всушност тие 95% исплатени. Се доаѓа до фрапантна бројка од исплатени само 42,5 милиони евра, според изјавите на Ставрески.
На 1 ноевмри 2014 се исплатени- 80 милиони ден.
На 16 февруари 2015 се исплатени 396 милиони ден. на лозарите
На 23 февруари 2015 – 130 милиони ден. на градинарите.
На 24 февруари 2015 – 31,7 милиони ден. за добиточна храна.
На 4 март 2015 – 310 милиони ден.за обележани грла говеда.
на 16 мај 2015 – 25 милиони евра на тутунарите
на 4 јуни 2015- 80 милиони денари
Или за 2014 година до крајниот законски рок владата има исплатено 42, 5 милиони евра, а за 2014 година имаат испланирано, најавувано над 140 милиони евра?!“
Николовска прашува каде се 100 милиони евра и дале е можно нашиот аграр толку да е уништен да не може да апсорбира повеќе од 50 милиони евра.
-Да претпоставиме дека уште 7-8 милиони евра се оние со непотполна документација. Или навистина немаат добиено сите земјоделци субвенции, а голем дел се одбиени поради грешки на админситрацијата (намерни) да се скрати фондот, пишува Николовска.