Николовска: Составот на новото обвинителство треба да се бира на конкурс, обвинителите од СЈО треба имаат право да аплицираат

by fokus

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека во новиот закон за обвинителство и обвинителите од СЈО треба да имаат право да аплицираат, а составот треба да се бира на конкурс.

-Прашањато по однос на обвинителите од СЈО, колку што мене ми е познато, не може по автоматизам да се одлучува кој обвинител каде ќе ја продолжи својата кариера. СЈО веќе не постои, тие се вратени назад во обвинителствата од каде што дојдоа. За новото обвинителство треба да има конкурси, луѓето да се јават на тие конкурси и според критериумите да се одберат, вели Николовска.

 

 

Поврзани новости