Пратениците ја одложија расправата за забрана за увоз на отпад, О2 иницијатива бара објаснување од четирите партии

by fokus

Пратениците денеска ја одложија расправата за измени на Законот со управување на отпад, со која се предлага забрана за увоз на отпад во Македонија.

О2 иницијативата побара одговори од координаториите на пратеничките групи на СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ и независната пратничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

-На координација било констатирано дека имало некаков проблем, го образложија одложувањето на оваа точка од дневниот ред собраниските служби. Нека повелат и објаснат на целата македонска јавност четирите координатори на пратеничките групи Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Емилија Александрова и претседателот на Собранието Талат Џафери КОЈ и КАКОВ проблем имал со гласањето за овој закон. Постои ли тема која може да ги обедини сите партии во Собранието? Секако дека постои, и секако дека е тоа на штета на граѓаните и јавниот интерес. Одбегнувањето на гласањето за законот за забрана на увоз на опасен отпад кој се користи како енергенс е најсвежиот пример од длабоките фотелји на т.н. народни претставници. Измените на законот кои без ниту една забелешка или амандман поминаа на собраниска комисија, денеска наводно заглавија поради координација на партиите. Всушност, на секој при здрава свест му е јасно дека планираните чекори во тајните собраниски ходници се само ПР алатка, со која партиите пред граѓаните и во јавноста, покажуваат наводна загриженост и подготвеност за усвојување на поостри мерки за контрола на опасниот отпад и намалување на загадувањето, а во суштина ќе направат сè за овој закон да не го види светлото на денот, а тие никогаш да не мора да се изјаснат за менувањето на трасата на милионските суми кои ги контролира еко – мафијата, регионална и локална, велат од 02 иницијативата.

Поврзани новости