580
Катица Николовски од Државната комисија за спречување корпупција (ДКСК) во вечерашното гостување на ТВ 21 откри дека еден од градоначалниците си ја вработил внуката во општината, но Јавното обвинителство не ги прифатило основаните сомневања на Комисијата.
-Ние се соочуваме со нефункционални механизми. Имаш надлежност, но немаш механизам како да постапиш. Се се сведува на прекршок. Ние дури побаравме измена на нашиот закон се со цел да ги направиме поефикасни механизмите по кои што постапуваме, вели Николовска.