546
Судијката Маргарита Цаца Николовска во вечерашната дебата на ТВ 24 рече дека бојкотирањето всушност е спречување на она што значи институтот „референдум“.
-Јас не велам дека немаат право да бојкотираат, секој одлучува како што сака. Но, бојкотот е спречување на она што треба да го даде институтот референдум. Тоа е непосредно граѓанско изјаснување, за разлика од посредното граѓанско изразување преку пратениците. Зошто граѓаните го бојкотираат? Прашањето беше многу јасно, ЕУ и НАТО преку Договорот, ако нема Договор нема ЕУ и НАТО. Прашањето е тоа. Мене ми е криво што најголемото демократското право, граѓаните не го искористија, рече Николовска.