495
Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на Топ тема на телевизија Телма го поздрави укинувањето на квотите на лековите, но констатира дека товарот за оваа мерка ќе падне на лекарите, а ќе се манифестира, како што рече, со насилството врз нив.
Со оваа мерка, оцени, малите аптеки ќе пропаднат зашто се фаворизираат само два големи ланци.
-Ветувањето на СДСМ беше дека ќе го поедностави издавањето рецепти, но всушност го искомплицира. Сега матичниот лекар може да напише рецепт само ако го прати пациентот прво на специјалистот од каде треба да добие соодветна дијгноза, рече Николов.