Дончев: Има пари за укинување на квотите за лекови

by fokus

Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во вечерашното гостување на Топ тема на телевизија Телма рече дека има доволно пари за новата мерка со која се укинаа квотите за лекови.

-Укинувањето на квотите за лековите е добра, среќна вест, од корист за сите граѓани. Бенефит ќе имаат сите осигуреници. Секој во секое време од која било аптека ќе може да си го подигне потребниот лек. Се елиминира системот на квоти со што се решава деценискиот проблем со недостиг на лекови кој беше особено евиндентен во зимските месеци, објасни Дончев.

Според него, се водело сметка да има период од една година за прилагодување на малите аптеки.

-Ако пред година – две ја донесевме мерката, ќе ризикуваме помалите ланци аптеки да ги ставевме во нерамноправна положба. Порано се фаворизираше само еден ланец аптеки, напомена директорот на Фондот и дополни дека досега не е изготвен никаков е-здравство и вклучување на информатичките технологии во секторот со цел негово поедноставно функционирање.

Поврзани новости