На Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип кандидатот за градоначалник на СДСМ Сашко Николов со членовите и симпатизерите ја слават, како што велат, победата на денешните избори за градоначалник во Општина Штип.
Николов најави дека прв приоритет ќе му биде формирање на фонд за заштитни маски со којшто секој граѓанин ќе добие бесплатна заштитна маска, по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.
Се очекува во промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник во 21 часот да пристигне и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
На прес-конференција ќе се обратат заедно Заев, Николов и генералниот секратр на СДСМ Љупчо Николовски.
На предвремените избори за градоначалник во Штип има пет кандидати, кандидатот на македонската конзервативна партија Интегра, Симон Поликарп – Џими, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација, Лазар Наумов од партијата ТМРО и пратеникот Сашко Николов од СДСМ.