Николов: Неопходни се мерки за да се спречи ширењето на делта сојот

by fokus

Неопходни се мерки за да се спречи делта сојот на Ковид-19 и да се забрза процесот на вакцинација, порача вечерва претседателот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов при гостувањето на ТВ 24.

-Вчера при заседавањето на Комисијата за заразни болести не донесе никакви одлуки. А, сите сме сведоци дека дискотеките се пуштени да работат на максимум и дека се преполни со луѓе. Што јас би предложил за Комисијата за заразни болести? Јас би предложил да се професионализира и би предложил во неа да се вклучат луѓе експерти од сите универзитети и медицински факултети во земјата бидејќи ги имаме повеќе од еден. И секако би требало тука да се вклучат и оние институции кои што работат посебно на оваа проблематика. И многу е важно да се забрза процесот на вакцинација, вели Николов.

Тој додаде дека важно е да се спроведат мерки за заштита на границите за да се спречи нов пик и преоптоварување на здравствениот систем.

Поврзани новости