Николоски: Заев ќе потпишеше нов договор со Бугарија, но го спречија масовните протести на граѓаните

by Fokus

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, во денешното гостување во Македонското радио вели дека доколку се зависеше од Зоран Заев одамна ќе беше потпишан нов договор со Бугарија со кој ќе се срушеа темелите на македонската држава и македонскиот народ, но посочи дека единствена причина поради која не го сторил тоа Заев се масовните протести на граѓаните организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да зависеше од Зоран Заев веројатно одамна ќе имаше потпишано нов договор со Бугарија, многу полош и договор кој што ќе ги срушеше темелите на македонската држава и македонскиот народ. Всушност тој тоа го најави во неговото интервју за БГНЕС некаде во ноември месец, и единствената причина зошто тоа не го направи е бурната реакција на македонската јавност и македонскиот народ.

Имено после тоа интервју се случија масовни протести по македонските градови и села, буквално секаде низ државата, дури и во услови на корона луѓето најдоа начин да го изразат своето незадоволство, ВМРО-ДПМНЕ ги повика , најчесто тоа беа протести со автомобили со цел да се заштити здравјето на граѓаните, но и тоа беше една силна порака дека овој договор не може да го потпише. Дополнително на тоа се јави и Македонската академија на науки и уметности, МПЦ, бројни професори лингвисти, историчари  итн“, истакна Николоски.

Поврзани новости