Николоски за Мицкоски: Ние тон не сме повишиле меѓу себе, камо ли да се скараме

by valentina 23:14
23:14

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, во гостување во емисијата Стадион на Канал77, зборуваше и за својот однос со премиерот Христијан Мицкоски, отфрлајќи ги шпекулациите за некаков ривалитет.

-Ние сите сме блиски меѓу себе и се дружиме. Мои тешки приватни моменти најмногу сум ги поминувал со премиерот. Природно било, сме биле по цел ден заедно. Ние сме најблиски соработници и пријатели и заедно ја извадивме партијата. Тоа не се прави без огромна меѓусебна доверба . Тоа што одредени структури на претходното раководство на СДСМ и оние врзани околу оној што гради во Охрид, со години пуштат такви спинови, повеќе говори за нив, бидејќи не се точни. Многу им е криво и не можат да си простат што ние вака функционираме и ќе продолжиме така. Јас сум многу горд сум на соработката со Мицкоски, која е на врвно ниво, никогаш не била подобра. Ние тон не сме повишиле меѓу себе, камо ли да се скараме. Двајцата сме реализирни луѓе, рече Николоски.

Слични вести