Во гостувањето на емисијата „360 степени“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос на прашањето за спорот со името рече дека тоа е спор што ја прати Македонија практично од основањето. Тој потенцира дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и сите ги знаат тие позиции кои се непроменети од 2005-та година. Решение секако е добредојдено според Николоски но тоа решение да е во рамки на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ги знаете тие позиции не би дозволиле промена на уставот со цел промена на уставното име. Бараме гаранции за именувањето на македонскиот национален идентитет во смисла на именување на јазик, култура и националност. И било кое решение мора да иде на референдум за граѓаните да го кажат своето мислење. Ова се исти позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има 13 години од 2005-та година па навака, рече Николоски