Единствена Македонија: Заев и Мицковски се марионети во рацете на странски ментори

by fokus 14:24
14:24

Со предупредувачко соопштение, како реакција на можниот исход на денешната лидерската средба, каде ќе се разговара за решение за името, се обратија од Единствена Македонија. Според нив ова е само очајнички обид за вознемирување на македонскиот народ дека ќе дојде до промена на името и идентитетот.

„Република Македонија до месец јули ниту ќе го промени името, ниту ќе стане членка на НАТО, со што, оваа стратешка цел на Единствена Македонија која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена“, се вели во соопштението.

- Advertisements -

Од Единствена Македонија велат дека тие ќе победат, а сите други ќе одговараат, односно оние што се бореле против основата на македонските и државните интереси.

„За таа цел, Единствена Македонија не се бори против Заев и Мицковски од партијата „Погреб за Македонија“, туку се бори против системот за обезличување на македонскиот народ кој СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите странски ментори го инсталираа во изминатите 27 години. Не се политички противници на Единствена Македoнија, Зоран Заев и Христијан Мицковски, оние се само марионети во рацете на странски ментори, наш политички противник е погубната НАТО и ЕУ идеологија која ја уништува Македонија и македонскиот народ“, образложуваат од Единствена Македонија.

Поврзани новости