Најновата анкета за истражување на јавното мислење и расположение на народот, според која ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност во однос да СДСМ, ја отсликува реалноста и расположението на македонските граѓани, вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој денеска во Прилеп оддаде почит на 21 годишнината на загинатите армиски прпадници кај Карпалак.
-Значи, анкетите секогаш се нарачани од политички партии, евентуално од институции и се главно мерило за тоа каде се наоѓа секоја политичка партија помеѓу два изборни циклуси. Секако, најдобра анкета се изборите, но во меѓувреме, во цел демократски свет, тоа е начинот на кој што се мери перформансот и поддршката на секоја политичка партија – рече Николоски.
Тој додаде дека француската куќа за истраживање на јавното мислење ИПСОС, која ја спроведе и последната анкета на барање на ВМРО-ДПМНЕ, досега нема промашено истражување ниту на Балканот, ниту во Европа.
-Всушност, најдобар доказ дека бројките се вистинити и на тоа што власта предводена од СДСМ и од ДУИ бега од две клучни работи на кои што точно може да се види расположението на граѓаните. Првото се предвремени парламентарни избори и второто е референдум на кој што граѓаните масовно ќе го одбијат овој бугарски предлог. Така што, ова се двете форми на непосредна демократија каде што граѓаните можат да ја кажат најточната анкета – истакна Николоски.