736
На 50 отсто обработени гласови, кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има предност од 5.600 гласови, истакна потпретседателот на опозициската партија Александар Николоски.
-Досега, ниедна политичка сила немала вака убедлива победа од позиција на опозиција. Очекувам победа и на советнички листи од над 50.000 гласови и победивме или водиме во најголем број општини – рече Николоски на Сител, повикувајќи го премиерот Зоран Заев да и ја честита победата на опозицијата.
Се уште актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев, кој е член на раководството на СДСМ, пак, вели дека резултатите од нивниот штаб говорат дека во Скопје во водство е Петре Шилегов.