Ахмети прогласи победа на ДУИ на локалните избори

by Fokus

Претседателот на ДУИ Али Ахмети прогласи победа на локалните избори и рече дека неговата партија победила уште во првиот круг во Сарај, Пласница, Липково и оти е во предност во многу други општини.

-ДУИ е во значителна предност во Тетово и Чаир, во Кичево, во Струга, во Желино, во Теарце, Боговиње, ДУИ има предност во Арачиново, Долнени, во Дебар одиме во втор круг, во Гостивар зголемен е нашиот фонд на гласови за 100%. Во Чашка одиме во втор круг со предност, рече Ахмети.

Претходно, актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари од Алијанса за Албанците прогласи победа уште во првиот круг.

Поврзани новости