Николоски: Тоа што гласавме за трите реформски закони е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е за НАТО и ЕУ

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното интервју за Фактор магазин на ТВ 24 тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформите се со цел подобри институции и подобар стандард на граѓаните.

Како што рече тој изминатиот период во Собранието се изгласале три закони кои биле дел од агендата насочени кон членство во Европската унија и кон членство во НАТО, со што подобар доказ од ова дека ВМРО-ДПМНЕ работи за напредок на државата немало.

-Во вторникот во Собранието се изгласаа три закони. Трите закони се донесени со двотретинско мнозинство со наша поддршка и тоа е законот за кривична постапка каде што се овозможува да почне со работа ОТА како контрола на прислушувањето и на УБК, понатаму законот за јавно обвинителство и законот за судови каде што се воспоставува цивилна контрола над работењето на полицијата и Министерството за внатрешни работи, вели тој.

Поврзани новости