506
СДСМ и ДУИ не може да бираат консензуален кандидат, туку таквиот кандидат кој ќе го изберат ќе биде кандидат за Заев и Ахмети, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Не може тие да зборуваат за консензус затоа што не претставуваат мнозинство од народот кој живее во Македонија, а камоли да ги претставуваат сите па да зборуваат за консензус. Да имаше предвремени избори ќе беа дебело поразени, како што ќе бидат поразени на претседателските. Има консензуален кандидат за македонскиот народ, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова рече Николоски при гостувањето на телевизија Алфа.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ го избрала најквалитетното решение кое Македонија може да го понуди за претседател на државата.