Лани ова време се потпиша тој срамен француски предлог којшто во суштина е бугарски предлог. И лани ова време се зеде обврската за Уставот, како и да други работи кои се поврзани со промена на учебници, кои се поврзани со промена на нашето сознание за нашата историја, самобитноста на македонската држава итн, коишто всушност јасно ги скицира претседателот на Бугарија Румен Радев во неговото последно писмо до европските лидери каде што вели не е доволно само промена на Уставот, туку имаме и други барања кон Македонија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ Алфа.
Николоски додаде дека „СДС тропаат глупости“ кога велат дека имаат мнозинство за уставни измени бидејќи доколку имаа до сега 10 пати ќе ги ставеа на дневен ред на собраниска седница за гласање.
-Доколку има двотретинско мнозинство во Собранието овие година дена 10 пати ќе го ставеа на гласање и ќе го изгласаа. Најдобар доказ дека тресат глупости, нема друг збор и дека ја користат темата за де фокус од нивниот криминал и за останување на ден повеќе на власт, е тоа што не го ставаат предлогот на гласање година дена, смета тој.
Николоски уште еднаш нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ уставните измени под бугарски диктат се затворена тема, и рече дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа.