Николоски: Процесот на реформа на ВМРО-ДПМНЕ ги дава своите резултати

by fokus

Процесот на реформа на ВМРО-ДПМНЕ ги дава своите резултати, рече Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата Трилинг на ТВ 24.

-95 отсто од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле на некоја извршна функција. Порцесот на реформи кој го започнавме пролетта 2018, а имаше кулминација во текот на есента 2018 со прочистување на партијата ги даде своите резултати. Мислам дека не е можно да има пресврт во втор круг. ВМРО-ДПМНЕ го разби митот дека нема коалициски капацитет. Другите два мита се дали ВМРО-ДПМНЕ може да победи и третиот се односите со меѓународната заедница. ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка од Доналд Туск од ЕПП, а СДСМ не доби поддршка од европските социјалисти, рече Николоски.

Поврзани новости