1K
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека ќе има предвремени парламентарни избори. Единствено, истакнува тој, прашање е дали тие ќе бидат заедно со локалните или после нив.
-На локалните избори влегуваме апсолутни фаворити, за првпат гледам во големите урбани центри има големо незадоволство од власта, и од актуелните градоначалници. Не е испорачано ништо и има опозиционо решение – рече Николоски на ТВ 21.
Според него, подобро е да се одржат двојни избори, бидејќи, како што вели, во тој случај нема двапати да се трошат пари.