Тешка сообраќајна несреќа во Ченто

by fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во скопската населба Ченто, во близина на последна 23-ка.

Очевидци за Фокус велат дека лице со возило БМВ со голема брзина пресекло пат на комбе, по што возилото се забило во дрво, а комбето се превртело.

На лице место има полиција, но засега нема официјални информации за евентуални жртви.

Првично, дел од медиумите објавија дека станува збор за вооружена престрелка, меѓутоа се испостави дека тоа не е точно.

Сепак, неофицијалните информации говорат дека еден од учесниците во сообраќајната несреќа се заканувал со пиштол.

Поврзани новости