Не очекував ниту еден од овие пратеници дека ќе одат спротивно на волјата на граѓаните затоа што граѓаните врз основа на програмата на ВМРО-ДПМНЕ ги гласале. Но за жал тоа се случи и тоа ќе им тежи цел живот, тој срам и тој товар ќе си го носат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.
Тој посочи дека сите 8 пратеници го изненадиле затоа што се работи за пратеници кои беа избрани од листата на ВМРО-ДПМНЕ на програма која што ВМРО-ДПМНЕ ја понуди во минатите избори.
-Во која што програма јасно пишува дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со промена на името на државата и нема да се согласи решенија и договори кои што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, што за жал го имаме договорот, рече Николоски.