За жал, во железницата, сега сме далеку зад она што бевме во 19 век и затоа го покренувам ова прашање, затоа што може да биде спротивно со брза железница, можеш да седнеш во воз во Виена или Будимпешта и за 5 часа да бидеш на море за одмор, тоа е опција А или опција Б, тоа е најдобриот начин да го намалите притисокот на пристаништата во Северна Европа. Мислам, во Антверпен овде или во Хамбург, бидејќи има две големи пристаништа, тоа се Пиреја и Солун кои не се користат добро, бидејќи нема соодветна инфраструктура.
Како може да се направи ова? Веќе има проект за брза пруга меѓу Белград и Будимпешта, како и проект за брза пруга меѓу Будимпешта и Виена. Меѓу Атина и Солун има две брзи пруги, а она што во овој момент недостасува е брзата пруга меѓу Белград, Скопје и Солун, изјавил пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој учествува на серија настани во Брисел посветени на состојбата во Европа.
Тој смета дека оваа инфраструктура многу ќе и помогне на Европа.
-Мојот личен сон, мислам дека Скопје и Солун треба да се поврзат со брза железница и за еден и пол час се оди од Скопје до Солун, од едната до другата страна на географска Македонија или од Скопје до Виена каде што ќе одиш за 3 часа или како што кажав од Виена до море ќе одиш за 5 часа, истакнал Николоски.
Пратеникот изјавил дека тоа ќе го намали загадувањето бидејќи нема потреба да се возите со авиони без разлика дали има поевтини или нормални авиокомпании за да одите на одмор.
-Но, исто така, трговијата, која ќе помогне да се зајакне економијата на целиот овој регион. Затоа мислам дека ова треба да биде фокус на ЕУ за да дозволи грант за трите земји за Грција, за Македонија и за Србија да ја завршат оваа брза железница, и да ја поврзат Европа со нејзиниот југ и да ја поврзат ЕУ со ЕУ затоа што вие имате ЕУ земја која не е поврзана со останатите земји од ЕУ и треба да помине во земји кандидати како што во овој момент е мојата земја Македонија и Србија, за кои се надевам дека еден ден ќе бидеме членки, порачал Николоски.