Николоски: Одговорност за злоупотребата на тајните служби е предуслов за демократија

by irena 16:55
16:55

„Одговорност и процесуирање на одговорните за злоупотреба на тајните служби како предуслов за демократија во Македонија“, напиша на својот фб профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски.

Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски, истакна Николоски.

„Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.

Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!

Повикувам

Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!“, нагласи Николоски.

 

Слични вести