„Денеска сум во Брисел, во посета на Европската Комисија каде што се сретнав со комесарот за проширување, Оливер Вархеји. А, исто така имам и средба со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти“ посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој во соопштение вели дека „на двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ“.
„Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ“ тоа го нагласив.
„И после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ“ напоменува Николоски.