Николоски на средба со португалската амбасадорка: Да се направи исчекор кон ЕУ

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска во Белград се сретна со Марија Виргина Пина, амбасадорка на Португалија во Србија која ја покрива и Македонија. Како што вели Николоски, Португалија претседава со ЕУ од први јануари годинава и затоа, според него, треба да се направи напор во рамки на португалското претседателство Македонија конечно да ги почне преговорите за членство со Унијата.

-Со амбасадорката разменивме мислења околу актуелната политичка и економска ситуација во Македонија, и ја информирав за загрижувачки високото ниво на корупција во Македонија, кое што е отсликано и во последниот Извештај на Транспаренси Интернешнл, каде што Македонија се наоѓа најниско во својата историја на 111-тото место. Исто така ја информирав за застојот во реформите, како за здравствената и економска криза со која што се соочува Македонија – вели Николоски.

Поврзани новости