САД и Германија бараат итно ослободување на Навални

by Фокус

САД изрази длабока загриженост поради затворската казна за рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални.

– Дури и додека работиме со Русија за унапредување на американските интереси, ние тесно ќе се координираме со нашите сојузници и партнери за тоа како Русија треба да одговара за неуспехот да ги почитува правата на своите граѓани – рече државниот секретар Ентони Блинкен.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас побара итно ослободување на Навални.

-Денешната пресуда против Алексеј Навални е горчлив удар против основните слободи и владеењето на правото во Русија – истакна Мас.

Условната казна на Навални од 3 години и шест месеци беше изменета во затворска казна, а беше намалена на две години и осум месеци поради периодот што го поминал во домашен притвор.

Поврзани новости