Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој е носител на пратеничката листа во ИЕ 4, вели дека лидерот на СДСМ Зоран Заев бега од дебати со него зашто потфрлил со реализација на неговите ветувања.
-Се вети дека автопатски ќе се поврзе централна Македонија со Скопје, односно требаше автопатско решение до Прилеп, Битола и грчка граница. Во преходната влада на ВМРО-ДПМНЕ почна да се прави еден дел на потегот од Градско до Прилеп, се градеше додека не дојде Зоран Заев на власт и неговиот надлежен директор и ја уценуваше. Според наши сознанија барано е фирмата изведувач да зема подизведувачи блиски до СДСМ во бизнис интереси, бизнис смисла. Но тие се голема компанија, а тоа е проект финансиран и од европски пари и се собраа, се спакуваа и заминаа. Сега не само што нема автопатско решение, државата е на суд и се бараат 100 милиони евра отштета – рече Николоски.