Ахмети: Гоце Делчев држел говор пред Албанците со бело кече

by Frosina Fakova
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска од Камениот мост се наврати на минатото и порача дека Гоце Делчев соработувал со албански и македонски патриоти и дека не се кае за тоа што изјавил дека треба да се почитува неговата мисија, односно како што вели тој – делчевизмот.
-Од ова место, не далеку од тука, Скендербег нѐ гледа. Недалеку од пред 100 години на овој мост имаат поминато Хасан Приштина и Иса Болетини кои никогаш не ги негираа и другите нации кои живееле на овие подрачја. Имало соработка на Албанските патриоти со македонските движења, и не се каам што сум рекол дека треба да се прифати Делчевизмот, значи да се прифати Гоце Делчев бидејќи соработувал со албанските патриоти. Имам порака за новите политичари на ова земја  кои прават хомогенизација за едно челично обединување помеѓу нив, само премиерот да не биде Албанец, нека се вратат во минатото и ако имаат почит за Гоце Делчев ќе видат дека тој има одржано говор пред Албанците со бело кече. Ако тие се потомци на Гоце Делчев, ова кандидатура требаше да ги направи среќни, рече Ахмети.

Поврзани новости