Николоски: Договорот од Преспа не бараше преименување на арената „Филип Втори“

by fokus

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување во „Јади Бурек“, изрази разочарување кон одлуките на Владата за преименување на национални установи. Според него, такво нешто не било предвидено со Договорот од Преспа.

„Договорот од Преспа никаде не бараше преименување на национални институции од типот на Националната арена „Филип Втори“, или не бараше промена на институции кои се државни. Никаде не бараше тие да станат национални, наместо македонски. Реализација на Договорот е полошо од она што го предвидовме“, истакна Николоски

Поврзани новости