Николоски: Дали правобранителот дал согласност за законот за ГА-МА?

by Фокус

На мала врата, на неколку дена пред Нова година и после полноќ на Божиќ по Грегоријански календар, владата на Зоран Заев сака да протурка шверцерски еден закон кој се однесува на ГА-МА, кое е државно претпријатие за гас, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во парламентот.

-Постои долгогодишен спор меѓу државата и претпријатието и тој спор го воделе многу премиери. Сега дојде Заев и реши да се повлече од судските спорови. Во законот проценета вредност на ГАМА е 36 милиони евра, значи толку вложила државата, а согласно договор државата и приватната компанија имаат пола пола, иако се судат толку време за тоа кој е доминантен сопственик. Значи сега државата доброволно одлучува да се повлече и да не е сопственик.  Претпријатието вреди 36 милиони евра или и двете страни имаат по 50 проценти се вели во првиот член, а за веќе  следниот член да вели државата се согласува да ги откупи за 34 милиони евра. Значи тоа што велат дека чини 18 милиони го купуваат за 34 милиони евра – рече Николоски на Алфа.

Тој прашува дали државниот правобранител се согласил на ова, зошто, според него, мора да има дозвола од него.

Поврзани новости