Прекината е маратонската собраниска седница, ќе продолжи утре

by Фокус

Собранието вечерва ја прекина работата, а претседателот Талат Џафери закажа продолжение за утре во 11 часот. Пратениците всушност треба да ја продолжат расправата по измените на Законот за инвалидски организации, за која се пријавени уште 13 говорници.

По исцрпување на дневниот ред на седница, Џафери најави дека ќе продолжат со работа по преостанатите точки од 20-тата седница, со образложение дека има многу важни точки за граѓаните.

Меѓутоа, опозицијата се спротивстави и протестираше бидејќи, според нив, продолжувањето на седницата се прави со цел тивко да се донесе законот за ГА-МА.

Поврзани новости