Николоски: Бугарија „продава” демократија, а не спроведува 16 пресуди за Македонците од Судот за човекови права

by Fokus

Бугарија константно одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, кои се носени низ годините наназад. Има 16 пресуди кои се однесуваат на Македонците во Бугарија, на нивното правото на здружување, правото на настап на избори, на образование на мајчин јазик, на искажување на посебноста како Македонци, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „10 минути” на ТВ 21.

Тој кажа дека на следниот самит на Совет на Европа во Рејкјавик ќе се разговара за воспоставување на ефективен механизам со кој пресудите ќе мора да се спроведуваат и Бугарија да мора да ги спроведе.

– Често се случува граѓани од различни земји од Европа да си бараат права, да добијат пресуда и таа држава да плати минимална парична казна и да одбива остатокот од пресудата да го примени како што е во случајот со Бугарија која е рекордер во избегнување на примена на пресуди од Европскиот суд за човекови права. Мора да се најде ефективен механизам за што добив поддршка и во заклучните согледувања на претседателот на комисијата за политички прашања и демократија беше потенцираат мојот говор и дека мора да се најде ефективен механизам за спроведување на овие пресуди. Македонците од Бугарија добиле во Стразбур дека не им е признато правото на здружување, правото на настап на избори, правото на образование на мајчин јазик, правото на искажување на посебноста како Македонци, а Бугарија одбива да го спроведе тоа, рече Николоски.

Тој додаде дека ќе се воспостави ефективен механизам не само за Бугарија, туку за сите земји членки на Советот на Европа за да почнат да се применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Во однос на  последните случувања и заостените односи со Бугарија, Николоски посочи дека само го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го кажува со години наназад, дека владата нема никаква стратегија, и се прават континуирано отстапки.

– Владата со договорот кој не ни за пријателство ни за добрососедство прифатија заедничка историја што е неточно, завршување со прифаќање на договорот од минатата година. Македонија има уникатна позиција, од сите земји се бара да ги исполнат Копенхашките критериуми, а од Македонија плус се бара да исполни се што Бугарија сака. Во такви услови се разбира дека тактиката на оваа влада на прифаќање на се е лошо. Од другата страна има агресивна политика од ништо не се задоволно и ја доведуваат ситуацијата како да е студена војна помеѓу Македонија и Бугарија затоа што повлекување на амбасадор од страна на Бугарија е како да нема услови за дипломатски односи помеѓу двете држави, рече Николоски.

Според него, потребна е сериозна и сомислена политика кон Бугарија, а актуелната влада на СДСМ и ДУИ нема капацитет за тоа

Поврзани новости