Николоски: Антикорупциска да провери како СДСМ дели хуманитарни пакети

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска ја обвини владејачката СДСМ дека ги поткупува граѓаните и притоа ја повика Антикорупциска комисија да го испита случајот.

„Имаме сознание дека се работи за директен поткуп на гласачи. Ова е акција планирана за изборите кои требаше да се одржат на 12 април и се обидуваат да прават поткуп на граѓаните, што е тешко казниво дело. Бараме Антикорупциската комисија да поведе постапка против СДСМ и да провери на кој начин се обезбедени овие таканаречени донации. Сметам дека има основа за покренување кривична одговорност за врвните одговорни лица во СДСМ“, посочи Николоски од денешната прес конференција.

Поврзани новости