Заев: Потребна е одлука за вонредна состојба, ова е борба за човечкиот живот

by Fokus 13:24
13:24

Попладнево е состанокот на Советот за безбедност на кој треба да се одлучи дали ќе се воведат нови 30 дена вонредна состојба поради состојбата со корона вирусот.

Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев смета дека е потребно такво нешто, затоа што според него, вонредната состојба дала можност за спроведување на брзи и ефикасни мерки.

- Advertisements -

„За да продолжи ефикасното справување со кризата, потребна е одлука за вонредна состојба. Во ситуација кога Собранието е распуштено, Владата, преку механизмите што ги има на располагање и преку уредби со законска сила ќе може навремено и темелно да реагира, како досега.
Ценам дека Владата покажа одговорно однесување во вонредната состојба носејќи мерки и уредби исклучиво во интерес на граѓаните и справување со состојбите. Токму вонредната состојба даде можност за спроведување на брзи и ефикасни мерки во насока на спречување на ширење на коронавирусот, заштита на здравјето и справување со економските последици“, вели Заев.

Поврзани новости