Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во трката за нов Ректор на УКИМ одлучи да останат деканот на Медицинскиот факултет и професор по Хирургија, Никола Јанкуловски и ексминистерот за образование и професот на ПМФ Ненад Новковски.
Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет, професорот Коле Василевски од Шумарскиот факултет и Елена Думова Јовановска од Градежен факултет се професорите кои на денешната седница излегоа од трката за избор на ректор.
За двајцата кандидати кои влегуваат во финалето за избор на новиот ректор на универзитетот, сенаторите одлучуваат со тајно гласање. Пријавени за нов ректор на УКИМ беа шест професори.
Новиот ректор законски треба да биде избран до 30 јули.
фото: Радио Моф