Никола Бабовски ја победи Лустрациската комисија на сите инстанци

by fokus 14:55
14:55

Вишиот управен суд го отфрли барањето на Комисијата за верификација на фактите за повторување на постапката со која Никола Бабовски од Битола со тужба пред Управниот суд го поништи Решението за лустрација во април минатата година, објави порталот Правдико.

Откако Вишиот управен суд ги одби жалбите на Комисијата, и го потврди поништувањето на лустрацијата, ова беше последниот обид на Комисијата преку барање за повторување на постапката, процесот да се обнови.

- Advertisements -

Како што стои во образложението на пресудата, Комисијата не приложила нови докази врз основа на кои судот би утврдил поинаква фактичка состојба од онаа што била утврдена во претходната постапка.

Никола Бабовски е прв кој ги добил сите судски процеси против Комисијата за лустрација во домашните судови и на сите инстанци.

 

Поврзани новости