391
И по скоро три месеци протестирање секој вторник пред Влада, никој досега не најде време да ги прими на средба поранешните вработени во хемискиот гигант Охис. Тие и денеска протестираа пред Влада и си ги бараа 24 заостанати плати кои им ги должи државата.
Поранешните вработени бараат некој од Владата да ги прими на средба за да разговаат за начинот на кој ќе се реши овој проблем, односно за начинот на кој ќе им бидат исплатени нивните заработени пари. Освен платите, треба да им се плати и стажот.
Околу 800 луѓе останаа без работа откако Охис престана со работење. Дел од нив завршија под Завод за вработување како технолошки вишок и примаат надоместок од 7 илјади денари месечно.