Ременски поднесе 13 нови кривични пријави

by Фокус 18:33
18:33

Министерката за труд и социјална политика, денеска поднесе 13 кривични пријави против заменик-министерот Диме Спасов и против дванаесетте разрешени директори. Кривичните пријави се поднесени до Основното јавно обвинителство во Скопје, Берово , Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш , Ресен, Струмица и Берово, за незаконско постапување на разрешените вд. директори.

Според тврдењата на Ременски, заменик-министерот Диме Спасов, неовластено ги задолжил дванаесетте директори да постапуваат и во рок од 24 часа да се пријават на досегашните работни места.

- Advertisements -

Ременски го повика Спасов следниот пат кога ќе зборува јавно да каже колкави долгови оставил зад себе, и му порача не мисли дека со „лажното душегрижништво“ ќе избега од одговорност.

Поврзани новости